Достапни линкови

Груевски: успешна скандинавска турнеја


Никола Груевски

Никола Груевски

,,Посетата на четирите скандинавски држави, Шведска, Финска, Данска и Норвешка, помина успешно, постигната е целта,, оцени премиерот Никола Груевски, додавајќи дека била извршена презентација пред над 200 компании. ,,Верувам дека дел од нив во наредните месеци или година ќе дојдат да поработат повеќе на подготовки за отворање на нивни компании во Македонија и правење бизнис или инвестирање во земјата,, изјави Груевски кој ги истакнал и политичките средби на кои била искажана поддршката на домаќините за македонските аспирации за НАТО и ЕУ.
XS
SM
MD
LG