Достапни линкови

Кина и Авганистан за поблиска соработка


Кинескиот претседател Ху Џинатао и неговиот авганистански колега Хамид Карзаи се заложија за зајакнување на меѓусебните односи и за поблиска соработка откако НАТО силите ќе си заминат од Авганистан во 2014-та. Во заедничката декларација од Пекинг се наведува дека Кина ќе му даде 24 милиони долари помош на Авганистан за подобрување на безбедноста на границите. Кина е заинтересирана и за инвестиции во енергетските потенцијали во Авганистан. Индија, Иран и Пакистан, исто така превземаат активности за обезбедување на нивните интереси во Авганистан, по заминувањето на НАТО силите.
XS
SM
MD
LG