Достапни линкови

Кипар не бара помош од Европскиот фонд за финансиска стабилност


Кипар не поднел барање за помош од Европскиот фонд за финансиска стабилност, изјави денеска во Брисел портпаролот на еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен, кој одби да појасни „колку блиску или далеку“ е земјата од европската поддршка. Амадеу Алтафаж рече дека позициите на Европската комисија за кипарската економија се изложени во препораките, усвоени минатата седмица од извршниот орган на ЕУ. Тој дополни дека кипарската економија е особено изложена на грчката криза и на загубите од отпишување на грчкиот долг, кои особено се одразија врз банкарскиот сектор во Кипар.
XS
SM
MD
LG