Достапни линкови

logo-print

Ромпуј: Мировниот план на Анан е најдобра шанса за Сирија


Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј изјави дека официјална Москва и Европската унија се согласни дека мировниот план на специјалниот пратеник на Обединетите нации во Сирија Кофи Анан е најдобрата шанса за избегнување на граѓанска војна во земјата. Ромпуј додаде дека соработката меѓу Унијата и Русија е важна за решавање на сиријската криза. Западните сили го критикуваа рускиот став за Сирија откако официјална Москва не ги пиодржа казнените мерки, предложени по масакрот во Хула, каде од 100-тината убиени повеќето беа жени и деца.
XS
SM
MD
LG