Достапни линкови

Хаос во судница во Казахстан


Хаос настанал во судница во Казахстан за време на изрекувањето на пресудите за 37 обвинети за предизвикување на немирите во градот Жанаозен минатата година. Дел од обвинетите се обиделе да ги скршат стаклените комори од кои го следеле судењето, додеека нивните роднини фрлале предмети кон судијата, кој ја напуштил судницата пред изрекувањето на сите пресуди. Дванаесетмина се осудени на затворски казни во времетраење од 4-7 години. Обвинетите се товарат за поттикнување на насилните протести за време на штрајк на вработени во нафтена компанија. Најмалку 16 лица загинаа во тогашните немири.
XS
SM
MD
LG