Достапни линкови

КФОР ги отстранува барикадите кај Рударе


КФОР денеска соопшти дека почнал да ги отстранува барикадите во близина на Рударе на северот на Косово со цел унапредување на слободата на движење за сите граѓани на Косово. Притоа КФОР наведува дека немало инциденти и апелира да се избегнуваат тензични изјави и насилство. Исто така се прецизира дека биле поставени контролни пунктови за обезбедување на ситуацијата. Српската агенција Бета јави дека денеска биле забележани истрели и оти имало повредени.
Државниот секретар во српското министерство за Косово Оливер Ивановиќ оцени дека КФОР повлекол многу ризичен потег. ,,Ми се чини дека КФОР и Приштина го користат институционалниот вакуум во Србија и да ја сменат ситуацијата на теренот. КФОР веднаш почнал да користи гумени куршуми и солзавец и страхувам од поголеми инциденти,, изјавил Ивановиќ за агенцијата Бета.
XS
SM
MD
LG