Достапни линкови

Затворска казна за белоруски активист


Покрај забелешките за кршењето на човековите права, во Белорусија се зачестија и протестите

Покрај забелешките за кршењето на човековите права, во Белорусија се зачестија и протестите

Судот во Минск му изрече шестмесечна затворска казна на опозициски активист поради прекршување на условната казна. Васил Парфјанку беше осуден на четири години казна затвор минатата година поради учество во масовните протести во Минск, преку кој се изразуваше незадоволство од резултатите на претседателските избори во Белорусија. Активистот беше условно ослободен лани во Август. Стотици демонстранти лани беа уапсени поради учество на протестите во декември 2010 година против реизборот на Александар Лукашенка за претседател.
XS
SM
MD
LG