Достапни линкови

Оставки во знак на протест во грузиско министерство


Отказот на Миминошвили следел откако нејзиниот син бил виден на опозициски протест - од минатонеделните демонстрации во Тбилиси

Отказот на Миминошвили следел откако нејзиниот син бил виден на опозициски протест - од минатонеделните демонстрации во Тбилиси

Шеесетина службеници од грузиското Министерство за образование си поднесоа оставка во знак на протест против отпуштањето на директорката на центарот за тестирање Маја Миминошвили. Најавени се оставки на уште 90 вработени во центарот, што претставува целиот кадар на институцијата. Миминошвили остана без работа поради нејзините “различни позиции“ од оние на Министерството. Одлуката на надлежните во државната институција беше донесена еден ден откако синот на директорката бил забележан на протестот на опозицијата во земјата.
XS
SM
MD
LG