Достапни линкови

Осудени двајца српски офицери за воени злосторства во реонот на Сребреница


Сараево

Сараево

Судот на Босна и Херцеговина денеска осуди двајца босански Срби, Душко Јевиќ и Менелев Џуриќ на 35 и на 30 години затвор поради воени злосторства во реонот на Сребреница во јули 1995 година.
Јевиќ и Џуриќ се обвинети дека учествувале во насилното раселување на босанските муслимани во реонот на Сребреница и за убиство на околу 1.000 мажи во селото Кравица, со што го помогнале планот за истребување на муслиманското население.
Во пресудата се наведува дека двајцата се виновни за „помагање на геноцидот во реонот на Сребреница“.
Други двајца осомничени, Горан Марковиќ и Недо Икониќ, беа ослободени од обвиненијата за учество во злосторствата поради недостаток на докази.
Јевиќ е поранешен командант на Центарот за обука во Јахорина на Специјалната бригада на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, а Џурич командант на таа бригада.
XS
SM
MD
LG