Достапни линкови

Николиќ се повлече од челната позиција на СНС


Новоизбраниот претседател на Србија Томислав Николиќ денеска најави дека мандатот за формирање влада прво ќе и го понуди на својата партија. „Вам ќе ви го понудам мандатот за состав на нова влада. Ако не го искористите ќе му го дадам на некој друг“ изјави Николиќ на седницата на Главниот одбор на партијата во првото обраќање по неговиот избор за шеф на државата. Тој на ова собирот поднесе оставка на функцијата претседател на партијата, која до Конгресот на СНС ќе ја преземе неговиот заменик Александар Вучиќ.
XS
SM
MD
LG