Достапни линкови

logo-print

Во Хаг продолжува судењето на Ратко Младиќ


Во Хашкиот трибунал продолжува судењето против Ратко Младиќ,поранешниот командант на војската на Република Српска,кој е обвинет за воени злосторства и геноцид во Босна и Херцеговина. Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц изјави синоќа дека е уверен оти Ратко Младиќ ќе има фер судење. Бремерц рече дека беа потребни 17 години за Младиќ да биде приведен и оцени дека тоа ќе биде уште едно, но многу важно потсетување на злосторствата и тоа 20 години од почетокот на војната и 17 години од геноцидот во Сребреница. Тој напомена дека на Младиќ му се суди за индивидуална одговорност за тие злосторства.
XS
SM
MD
LG