Достапни линкови

logo-print

Вамен: Македонија треба да стане членка на ЕУ


Оваа држава во некој временски период треба да стане членка на Европската унија, изјави денеска данскиот министер за европски прашања Николаи Вамен во Скопје по средбата со вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи. „ Во моментов се одвива дијалогот на високо ниво, патоказот е направен а тоа е рамка во која се работи. Данска го подржува овој процес целосно. Уверен сум дека ќе видиме важни чекори од Владата во тесна соработка со ЕУ. По решавањето на спорот со името во иднина ќе можат да се преземат наредни важни чекори. Останувам оптимист дека спорот ќе се реши во најкус можен рок, а тоа е еден од нашите приоритети“ рече Вамен. „ Заеднички оценивме дека е особено битно да се одржи динамиката на дијалогот на високо ниво како една голема можност на Република Македонија, за авансирање на процесот со ЕУ и односите со неа“ изјави вицепремиерката Арифи.
XS
SM
MD
LG