Достапни линкови

logo-print

Последен обид на грчките лидери да состават влада


Каролос Папуљас

Каролос Папуљас

Политичките лидери на Грција денеска ке го направат последниот обид да состават коалициона влада. Се очекува лидерите да бидат повикани од Претседателот Каролос Папуљас на разговори од кои аналитичарите не очекуваат резултати.
Вчера лидерот на ПАСОК Евангелос Венизелос не успеа да состави влада поради неприфаќањето на мерките за штедење на радикалниот левичарски лидер Алексис Ципрас.
Ако пропаднат и денешните преговори, Претседателот Папуљас ќе биде принуден да распише нови избори, веројатно во Јуни.
Радикалната левица, која е против пакетот помош на ЕУ и ММФ води на изборните рејтинзи во Грција.
Политичката криза во Грција доведе до пад на берзите во таа земја и до пад на еврото на најниско ниво од почетокот на Јануари оваа година
XS
SM
MD
LG