Достапни линкови

На самитот на НАТО во Чикаго поканети и шефовите на дипломатиите на Македонија, Црна Гора и БиХ


На самитот на НАТО во Чикаго, на 20-ти и 21-ви овој месец, поканети се и министрите за надворешни работи на Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, иако на овој самит нема да се расправа за проширувањето. Ова на денешната прес конференција во Брисел го изјави генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, додадавјки дена на тој начин им се одава признание на партнерските држави кои придонесуваат во операциите на НАТО во светот. Инаку, главните теми на самитот во Чикаго, како што наведе Расмусен, ќе бидат повлекувањето од Авганистан до 2014-та година, идните безбедносни предизвици во светот, како и стратегијата за така-наречена мудра одбрана.
XS
SM
MD
LG