Достапни линкови

Карзаи очекува напорни преговори со САД


Хамид Карзаи

Хамид Карзаи

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи смета дека на повидок се напорни преговори со Соединетите американски држави во врска со американското воено присуство во земјата по 2014 година. Карзаи во Кабул рече дека сака договор со кој ќе се сочува независноста на Авганистан, интересите на народот и авганистанските закони. Лидерот заедно со својот американски колега Барак Обама во вторниокот го потпишаа пактот со кој се регулираат билатералните односи меѓу двете земји по повлекувањето на американските трупи во 2014 година.
XS
SM
MD
LG