Достапни линкови

Намален бројот на работници во индустријата


Бројот на работниците во индустријата во март годинава, во однос на март лани е помал за 0,7 отсто. Во првите три месеци од годинава, пак, споредено со првиот квартал минатата година намалувањето е 1,4 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Преработувачка индустрија бележи опаѓање од еден отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пораст од 0,6 отсто. Опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,6 отсто, Капитални производи за 6,9 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 3,9 отсто. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во март е поголем за 1,2 отсто.
XS
SM
MD
LG