Достапни линкови

logo-print

Министерот Попоски ја завршува посетата на САД


Министерот за надворешни работи Никола Попоски се сретна со поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер. Њујорк, 24.02.2012

Министерот за надворешни работи Никола Попоски се сретна со поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер. Њујорк, 24.02.2012

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на последниот ден од работната посета на САД се сретна со сенаторот Џемс Веб, член на комитетите за надворешни односи и за одбрана на Сенатот. Тој, како што е соопштено, побарал од сенаторот Веб поддршка за што побрзо Македонија да добие покана за членство во НАТО. Министерот Попоски имаше и обраќање во Брукингс Институтот. Оценувајќи дека билатералните односи се базирани врз долгорочно стратегиско партнерство, министерот Попоски изјави дека очекува принципиелна поддршка од САД за што побрза интеграција на Македонија во НАТО. ,,САД веќе подолго време инвестираат значајни капацитети во стабилноста и просперитетот на регионот, а зачленувањето на Македонија во НАТО ќе претставува заокружување на овој успешен процес и ќе биде силен сигнал за останатите аспиранти за валидноста на политиката на Алијансата за отворени врати,, изјавил министерот Попоски.
XS
SM
MD
LG