Достапни линкови

Грчките градоначалници протестираа во Атина


Парламентот на Грција

Парламентот на Грција

Градоначалници од цела Грција протестираа во Атина заради очајната финансиска состојба на локалната самоуправа, соопштуваат грчките медиуми.
Во протестот учестува и градоначалникот на Атина Јоргос Каминис.
Незадоволните градоначалници му врачија барања на министерот за финансии Филипос Сахинидис, од кои едно е владата да ги исполни своите обврски и да годинава на општините да им додели 450 милиони евра.
Градоначалниците ги повикаа политичките партии во Грција да ја преземат својата одговорност, за локалната самоуправа да не се доведе до целосен крах.
XS
SM
MD
LG