Достапни линкови

Конгресмени од грчкото лоби со критики кон Македонија


Двајца американски конгресмени, од групата за поддршка на Грција во Конгресот на САД, поднеле резолуција со која се вели дека Република Македонија се однесува непријателски кон Атина и ја крши Времената спогодба од 1995 година. Предлог резолуцијата е поднесена од Гас Билиракис, републикански конгресмен од сојузната држава Флорида, и Керолин Мелоуни, конгресменка од Демократската партија од државата Њујорк. „Властите во Скопје со своите политики, активности и реторика во изминатите неколку години го кршат духот и словото на Времената спогодба од 1995 година меѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија и со тоа ги нарушуваат пријателските односи меѓу двете земји“ пишува во предлог-резолуцијата.
Билиракис и Мелоуни се ко-претседавачи на Групата за грчки прашања во американскиот Конгрес, и се поддржувачи на грчката политика во Вашингтон, по прашања како што се спорот за името со Македонија, статусот на поделениот остров Кипар и други теми. Иако Соединетите Американски Држави ја признаваат Република Македонија според уставното име, во резолуцијата, Билиракис и Мелоуни ја користат времената референца.
XS
SM
MD
LG