Достапни линкови

Поевтинуваат бензините и дизелот


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два, а дизелот на еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата малопродажна цена Еуросупер БС-95 е 87,00 денари за литар, на Еуросуперот БС-98 е 88,50 денари литар, Еуродизелот ќе се продава по 72,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство по 61,50 денари. Се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС која изнесува 47,1 денар за килограм.
XS
SM
MD
LG