Достапни линкови

Министерот Попоски на средби со Бан Ки-мун и Нимиц


Никола Попоски и Метју Нимиц

Никола Попоски и Метју Нимиц

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во Њујорк треба да се сретне со генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-мун. На средбата за очекува да стане збор за пресудата на Меѓународниот суд во Хаг и нејзиното игнорирање, особено во контекст на интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ. Средбата со генералниот секретар на Светската организација се смета за еден од последните обиди да се издејствува Македонија да се најде на агендата на претстојниот Самит на Алијансата во Чикаго. Попоски во Њујорк треба да се сретне и со посредникот во македонско грчките разговори за името Метју Нимиц.
Попоски во САД ќе има средби и со конгресмени, експерти на кои ќе побара поддршка за што побрза интеграција во НАТО.
XS
SM
MD
LG