Достапни линкови

Младенов бара од НАТО јасен сигнал за Западен Балкан


Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов

Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов

Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов денеска изјави дека Самитот на НАТО во Чикаго треба да даде јасен сигнал дека вратата на Алијансата останува отворена, бидејќи тоа ќе биде силен мотив за земјите да се реформираат. Според него, пример за тоа е БиХ, која постигна важна внатрешнополитичка согласност, за да се приближи кон НАТО.
Младенов на состанокот на Алијансата во Брисел се заложи за што побрзо отпочнување на Акциониот план за членство на БиХ, што ќе претставува добра вест за целиот регион.
XS
SM
MD
LG