Достапни линкови

logo-print

Во Пентагон средба Панета, Бесими


Американскиот секретар за одбрана Леон Панета

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета и министерот за одбрана на Македонија Фатмир Бесими на средбата во Пентагон разговарале за повеќе одбранбени и безбедносни прашања. Притоа, како што јавува Гласот на Америка, Панета и изразил благодарност на Македонија за непоколебливиот придонес во операциите на коалиционите сили. Според портпаролот на Пентагон Џорџ Литл, Панета му порачал на Бесими дека со нетрпение го очекува идниот прием на Македонија во НАТО. Двајцата министри размениле и идеи за регионалните односи во Југоисточна Европа и како да се зачуваат суштински важните капацитети во услови на сегашната буџетска ситуација, особено во однос на иницијативите на НАТО од областа на таканаречената „мудра одбрана“. Бисими за средбата изјави дека била одлична и во пријателска атмосфера.
XS
SM
MD
LG