Достапни линкови

logo-print

Јанкуловска: Убијците ќе бидат фатени и најстрого казнети


Обдукцијата на телата на убиените 5 лица кај село Смилковци покажала дека е пукано од три видови оружје и од непосредна близина, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, нагласувајки дека засега не се познати ниту мотивите ниту пак етничката припадност на сторителите на овој грозоморен чин. Таа апелира да не се шират шпекулации со кои би се предизвикале меѓу-етнички тензии. МВР интензивно трага по сторителите, побарана е и помош од соседните земји, а сите полициски службеници се на терен со цел да ги пронајдат сторителите, но и како превенција од можни нереди. Министерката Јанкуловска изјави дека сторителите нема да ја избегант правдата и ќе се соочат со најстроги казни.
XS
SM
MD
LG