Достапни линкови

Македонско албанската граница од денеска само со лична карта


Арбен Чејку

Арбен Чејку

Од денеска границата меѓу Македонија и Албанија граѓаните на двете земји ќе можат да ја преминуваат само со лична карта, соопшти на прес конференцијата во Скопје албанскиот амбасадор во Македонија Арбен Чејку. Тој додаде дека од министерствата за внатрешни и за надворешни работи на Албанија се информирани сите гранични премини на границата со Македонија. ,,Овој настан е важен не само поради олеснување на комуникацијата помеѓу граѓаните на двете држави, туку и дава и една европска димензија на односите меѓу двете земји и пошироко во регионот, изјави Чејку, најавувајќи дека во процес на подготовка е и договорот за признавање на возачките дозволи.
XS
SM
MD
LG