Достапни линкови

Светска банка на Турција ќе и додели 4,45 милијарди долари


Светска банка на Турција ќе и додели 4,45 милијарди долари за развојни програми. Според соопштението, целта на програмата е поддршка на Турција и на нејзините амбиции да стане една од десетте најголеми економии во светот до 2023 година, кога ќе бидат одбележани 100 години од прогласувањето на Републиката.
Планот опфаќа три основни приоритети, зголемување на конкурентската способност и вработувањето, промоција на еднаквоста меѓу половите и јавните услуги и зацврстување на одржливиот развој.
XS
SM
MD
LG