Достапни линкови

Карзаи побара да се едуцираат повеќе девојчиња


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги повика лидерите на племенските и верските лидери да го поттикнат образованието на девојчињата. Говорејќи на церемонијата во Кабул по повод одбележувањето на почетокот на учебната година на земјата, тој исто така, ги повика бунтовничките групи да не ги напаѓаат наставниците и учениците, велејќи дека земјата може да се развие само преку ширење на образованието. Министерот за образование, Гулам Фарук Варак рече дека има 8,4 милиони ученици во Авганистан, а 39% од нив се девојчиња.
Тој додаде дека 9,5 милиони деца се уште се лишени од образование во земјата.
XS
SM
MD
LG