Достапни линкови

logo-print

Северна Кореја ќе лансира сателит во вселената


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Нам во посета на Стратешката команда на ракетните сили.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Нам во посета на Стратешката команда на ракетните сили.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун се приклучи на меѓународните повици барајќи Северна Кореја да се откаже од плановите за лансирање сателити во вселената. Тој вели дека овој потег ќе ги прекрши санкциите на Советот за безбедност на ОН против Пјонгјанг.

Закажаното лансирање доаѓа само неколку недели откако Северна Кореја се согласи да направи отстапки во нуклеарната програма, вклучувајќи и мораториум за тестовите на ракети со долг дострел, во замена за многу потребната помош во храна од САД.

Вашингтон реагира дека планираното лансирање на сателитот, кој во орбитата ќе биде однесен со ракета со долг дострел, е „кршење на договорот“.

Севернокорејската државна новинска агенција денеска објави дека Пјонгјанг поканил странски експерти и новинари да го набљудуваат лансирањето на сателитот кое е закажано за средината на април, за да се поклопи со стогодишнината од раѓањето на основачот и прв претседател на Северна Кореја Ким Ил Сунг.
XS
SM
MD
LG