Достапни линкови

logo-print

Ирак не дозволува транзит на иранско оружје за Сирија


Сириски бегалци на границата со Турција.

Сириски бегалци на границата со Турција.

Ирак го информирал Иран дека нема да дозволи пратките со оружје за Сирија да поминат низ или над ирачка територија. Портпаролот на ирачката влада Али ал-Дабаг изјави дека Багдад, преку иранскиот амбасадор во Ирак, го информирал Техеран дека „Ирак нема да дозволи користење на воздушниот простор или територија за транзит на оружје за Сирија“.

САД вчера изразија загриженост за иранските товарни авиони што преку ирачкиот воздушен простор стугнуваат во Сирија и рекоа дека го предупредиле Ирак дека авионите може да пренесуваат оружје што Дамаск го користи да ги задуши протестите.
XS
SM
MD
LG