Достапни линкови

Во Скопје денеска ќе се маршира за мир


Macedonia - March for Peace, poster - N/A

Macedonia - March for Peace, poster - N/A

Манифестација „Марш за мир“ ќе се одржи денеска на Школка во Градскиот парк во Скопје.
Настанот е во организација на Граѓанската иницијатива „Заедно за мир“, предводена од Сашо Мацановски - Трендо, Александар Русјаков, Ана Јовковска и Петрит Сарачини. Тие порачуваат дека целта е промовирање на соживотот, а на маршот е најавено присуство на многу уметници, музичари, интелектуалци, претставници од невладиниот сектор и други.
Маршот е инициран како резултат на последните инциденти кои што се случија минатата недела, каде што беа повредени над 20 лица од различна етничка заедница.
Манифестацијата ќе почне со настап на повеќе познати музичари од Македонија, кои преку масовен настап во живо ќе изведуваат светски познати мировни химни. Манифестот на мирот, ќе биде прочитан на неколку јазици, од страна на: Сабина Ајрула, Висар Вишка, Горазд Цветковски, Есма Реџепова, Кристина Леловац и Кочо Андоновски.
По ова, присутните граѓани ќе го започнат Маршот за мир, чиј правец на движење ќе се одвива од Градскиот парк, преку бул. „Илинденска“, мостот Гоце Делчев, потоа движење кон Музејот на Холокаустот до Камениот мост - симболот на заедништвото, за потоа преку Градскиот кеј, зад зградата на Владата, да заврши на Школка во Градскиот парк.
XS
SM
MD
LG