Достапни линкови

Единаесет жени - роман на годината


„Единаесет жени“ на Снежана Младеновска – Анѓелков, издание на „Или – Или“, е прогласен за Роман на годината за 2011, изборот што по 13-ти пат го организира „Утрински весник“.

„Единаесет жени“ на Снежана Младеновска – Анѓелков, издание на „Или – Или“, е прогласен за Роман на годината за 2011, изборот што по 13-ти пат го организира „Утрински весник“.

„Единаесет жени“ на Снежана Младеновска – Анѓелков, издание на „Или – Или“, е прогласен за Роман на годината за 2011, изборот што по 13-ти пат го организира „Утрински весник“.

Она што е карактеристично за романот на Снежана Младеновска Анѓелков и со што таа ги збогатува романсиерските техники и тематики кај нас е умешноста со која оваа млада авторка ја користи техниката на монтажа, инаку доминантна одлика на филмската уметност.

„Романот „Единаесет жени“ перспективата ја поставува наопаку, од секој негов ред произлегува онаа до сега малку посочена и апсолвирана релација, општеството го чинат конкретни луѓе, поединци. Нивното делување го одредува карактерот на општеството, та оттаму и личната одговорност на секоја единка за она што го живееме.
Оттука успешниот спој на кажувањето/раскажувањето произлезено од јазикот како алатка и покажувањето, карактеристично за визуелните уметности, прават ова дело да се доживее како хибриден жанр кој ги испитува, но и ги подрива жанровските конвенции. Ова, меѓу другото, ќе го забележи писателот Душко Родев, инаку претседател на годинешното жири, во образложението за одлуката „Единаесет жени“ на Младеновска – Анѓелков да биде прогласен за Роман на годината за 2011.
Снежана Младеновска – Анѓелков.

Снежана Младеновска – Анѓелков.


Тој, дополнува дека на годинешниот, 13-ти по ред избор што го организира Утрински весник, во конкуренција биле 31 роман, во потесниот избор влегле и делата „Огнени птици“ на Илхами Емин и „Писание за страшниот суд“ на Владимир Костов, но дека тие се решиле да го наградат романот што го носи духот на македонската полу-урбана или квази-урбана средина во 80-те години на 20 век и каде главниот лик е жена, поточно девојче, кое светот го доживува низ призмата на детските очи и тој свет го засведочува во уверлива приказна.
Ова е моја прва книжевна објава, прв роман за кој Комисијата реши да ми ја даде и престижната награда Роман на годината за 2011. Веќе имам размислувања и за втор роман, меѓутоа не би кажала сега ништо.

„Романот „Единаесет жени“ перспективата ја поставува наопаку, од секој негов ред произлегува онаа до сега малку посочена и апсолвирана релација, општеството го чинат конкретни луѓе, поединци. Нивното делување го одредува карактерот на општеството, та оттаму и личната одговорност на секоја единка за она што го живееме“, вели Родев, инаку минатогодишен добитник на истата награда за романот „Човекот што ги сакаше калинките“.

Снежана Младеновска Анѓелков е родена 1977 година во Скопје. Дипломирала на ФДУ на отсекот за филмска и ТВ монтажа, автор е на неколку сценарија од кои бележито е „Портрет за Владимир“ - адаптација на расказ на Владимир Набоков, а романот „Единаесет жени“ е нејзина прва книжевна објава.

„Ова е моја прва книжевна објава, прв роман за кој Комисијата реши да ми ја даде и престижната награда Роман на годината за 2011. Веќе имам размислувања и за втор роман, меѓутоа не би кажала сега ништо. Премногу сум возбудена од наградата и од овој чин сега што е за да би зборувала за нешто што понатаму ќе се одвива.“

Наградата ќе и биде врачена на свеченоста што ќе се одржи на 28 март, а Снежана Младеновска Анѓелков за своето натамошно присуство во литературата сигурна е само во едно – што и да напише ќе биде објавено како издание на „Или – Или“.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG