Достапни линкови

Амнести Интернешнел - Во Сирија има систематска тортура


Амнести Интернешнел соопшти дека уапсените противници на режимот на сиријскиот претседател Башар Ал Асад, се изложени на систематска тортура и оти во таа земја се случуваат злосторства против човештвото. Според Амнести, ситуацијата во Сирија треба да се најде пред Меѓународниот Кривичен Суд. Според Обединетите Нации, над 8 илјади луѓе загинале, а околу 230 илјади ги напуштиле своите домови во последнава година, односно од почетокот на протестите против режимот на Асад.
XS
SM
MD
LG