Достапни линкови

Во Пакистан убиени 10 милитанти


Пакистанските разузнавачки служби соопштија дека во напад најверојатно извршен со американско беспилотно летало во Јужен Вазиристан загинале десет милитанти. Пакистанската влада и армија официјално не признаваат дека имаат разбирање за ваквите напади на Соединетите држави кои за цел имаат приврзаници на Ал Каеда и талибански милитанти кои од таму се инфилтрираат во соседниот Авганистан.
XS
SM
MD
LG