Достапни линкови

logo-print

Политиката го уништи фудбалот


Арена Филип Втори во Скопје

Арена Филип Втори во Скопје

Националниот тим пред само 3 години беше 46-ти во светот, сега е на 103-тото место на ранг листата на ФИФА, а минатата недела доживеа срамен пораз од Луксембург. Тонењето, според познавачите, е резултат на повеќегодишните погрешни одлуки на луѓето кои го водат мак - фудбалот.

Падот на македонскиот репрезентативен фудбал продолжува и годинава. Националниот тим пред само 3 години беше 46-ти во светот, сега е на 103-тото место на ранг листата на ФИФА, а минатата недела доживеа срамен пораз од Луксембург. Ова уште повеќе ја намали довербата во избраниците на селекторот Џон Тошак и го зголеми незадоволството во јавноста, а особено кај поранешните членови на националниот тим.
Не е фактор човек во прашање. Значи треба да се направи една подетална анализа, да се знае што се сака, една стратегија и треба екипа. Значи промена, ама не само еден човек да дојде нов за претседател или да дојде нов селектор, него коренити промени. Почнувајќи од самиот врв, па понатаму и сите други сегменти кои што го опфаќаат фудбалот во нашата земја.

Тие не можат да се помират со болната реалност, која според екс-репрезентативниот капитен, Митко Стојковски е епилог на повеќегодишните погрешни одлуки на луѓето кои го водат мак - фудбалот, вклучувајќи го и ангажирањето селектор - странец. Тој, и покрај славното име, покажа дека не може да се снајде во нашиот фудбал, кому, по се што се случи досега, итно му се потребни коренити промени.

„Не е фактор човек во прашање. Значи треба да се направи една подетална анализа, да се знае што се сака, една стратегија и треба екипа. Значи промена, ама не само еден човек да дојде нов за претседател или да дојде нов селектор, него коренити промени. Почнувајќи од самиот врв, па Селекторот на македонската репрезентација Џон Тошак

Селекторот на македонската репрезентација Џон Тошак

понатаму и сите други сегменти кои што го опфаќаат фудбалот во нашата земја“, изјави Стојковски.

За поранешниот репрезентативец и пет ипол години помошник на селекторите Драги Канатларовски и Среќко Катанец, Вујадин Станојковиќ, главниот проблем е во тоа што низ националниот тим продефилираа
Јас се надевам дека од овој ќор - сокак ќе излеземе. Мислам дека имаме потенцијал, имаме квалитет и треба сериозно да почнеме да работиме во клубовите. Ние имаме талентирани деца, таму треба да инволвираме одреден стручен кадар кој ќе биде не политички, не партиски него квалитетен. Значи квалитетот треба да излезе на површина. Додека тоа не го направиме, додека се меша политика во фудбалот, нема ништо да направиме.
огромен број фудбалери кои немаат клубови или, пак, не настапуваат во своите екипи. Тие не заслужуваат да бидат репрезентативци, што се потврдува и од лошите резултати, кои, и покрај се, не се реална слика за нашиот квалитет. Тој можеби не е за пласман на врвните натпреварувања, но сигурно имаме сили за многу подобар рејтинг од актуелниот. Секако, под услов да играат најдобрите, но и да се исфрли политиката од мак - фудбалот.

„Јас се надевам дека од овој ќор - сокак ќе излеземе. Мислам дека имаме потенцијал, имаме квалитет и треба сериозно да почнеме да работиме во клубовите. Ние имаме талентирани деца, таму треба да инволвираме одреден стручен кадар кој ќе биде не политички, не партиски него квалитетен. Значи квалитетот треба да излезе на површина. Додека тоа не го направиме, додека се меша политика во фудбалот, нема ништо да направиме“, рече Станојковиќ, кој повикува и на обединување на сите кои се дел од македонската „буба - мара“.

„За некои работи кои треба да се разрешат и решат во репрезентацијата и општо во фудбалот во Македонија треба сите да бидеме заедно сплотени. И Федерацијата и тренерската организација и клубовите и селекторите на сите категории. Значи, за да се обединиме и да направиме една добра атмосфера, затоа што е тоа во интерес на репрезентацијата и во интерес на државата“, истакна Вујадин Станојковиќ.

Според Митко Стојковски, за работите конечно да тргнат на подобро, неопходно е вклучување и на државата, како и на поранешните фудбалери.

„А, за да се случи тоа, потребна е позитивна атмосфера во целата држава. Како што тоа се случи и со кошарката и со ракометот. Тоа му е потребно и на фудбалот“, рече Стојковски.
XS
SM
MD
LG