Достапни линкови

Белата куќа ја промени локацијата на Самитот на Г-8


Движењето „Окупирај го Вол Стрит“, планираше протести за време на Самитот на Г-8 во Чикаго

Движењето „Окупирај го Вол Стрит“, планираше протести за време на Самитот на Г-8 во Чикаго

Белата куќа соопшти дека ја менува локацијата на Самитот на Г-8 што треба да се одржи оваа пролет од Чикаго во добро обезбеденото претседателско одморалиште Кемп Дејвид во близина на Вашингтон. Во соопштението од Белата куќа се наведува дека промената е направена „за да се олесни непречен тек на дискусијата“ со партнерите од Г-8. Самитот на осумте најразвиени економии во светот треба да се одржи на 18 и 19 мај по што следува Самитот на НАТО во Чикаго на 20 и 21 мај. Организаторите од Движењето „Окупирај го Вол Стрит“, кои планираа протести за време на Самитот на Г-8 во Чикаго, велат дека промената на локацијата покажува дека „тие бегаат исплашени од народот“.
XS
SM
MD
LG