Достапни линкови

Во Прага состанок на ЕУ-Источно партнерство


Министерот за надворешни работи на Белорусија е исклучен од листата учесници на денешниот состанок на така-нареченото источно партнерство на Европската Унија, кој се одржува денеска во Прага. Причина се нарушените односи меѓу Европската Унија и Белорусија, откако беа воведен дополнителни санкции против Минск поради репресијата врз опозицијата. Шефицата за надворешна политика на Европската Унија Кетрин Ештон и комесарот за проширување Штефан Филе ќе се состанат со шефовите на дипломатиите на Азербејџан, Ерменија, Грузија, Молдавија и Украина, а ќе присуствуваат и нивните колеги од Балтичката и Вишеградската група.
XS
SM
MD
LG