Достапни линкови

Парламентарни избори во Иран


Во Иран денеска ќе бидат одржани парламентарни избори, на кои повеќе од 3.400 кандидати ќе се натпреваруваат за 290 места во меџлисот. Повеќе реформисти ги бојкотираат изборите. Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи предвидува голем одзив на гласачите, додавајќи оти изборите се уште една шлаканица за западните сили.
Аналитичарите прогнозираат дека кандидатите кои се блиски до Хамнеи ќе поминат добро на изборите. Поддржувачите на верскиот водач го критикуваат претседателот Махмуд Ахмадинеџад, обвинувајќи ја неговата влада за неуспешно водење на економската политика.
На денешните избори право на глас имаат 48 милиони Иранци. Станува збор за прво гласање по реизборот на Ахмадинеџад во 2009 година, кога реформистите тврдеа дека изборниот процес бил полн со измами.
XS
SM
MD
LG