Достапни линкови

САД тврди-Северна Кореја ќе ги запре нуклеарните активности


Нуклеарна централа во Северна Кореја

Нуклеарна централа во Северна Кореја

САД соопштија дека Северна Кореја се сложила да запре со збогатувањето ураниум и да ги одложат нуклеарните и ракетни тестови. Потпаролот на Стејт Департментот, Викторија Нуланд изјави дека Северна Кореја се сложила да им дозволи на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија да го верификуваат договорот и да вршат надзор врз земјата.
Властите од двете земји ќе се сретнат за да ги финализираат деталите од предложениот пакет од 240 илјади тони храна за помош на Северна Кореја.
XS
SM
MD
LG