Достапни линкови

БРИКС бараат промени во изборот на шефот на Светска банка


Логото на Светска банка на влезот на зградата во Вашингтон

Логото на Светска банка на влезот на зградата во Вашингтон

Најразвиените светски економии таканаречени земјите БРИКС се здружија вчера во Мексико против традицијата првиот човек на Светска банка да биде некој од САД. На средбата на министрите за финансии од Г-20, Мексико, Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка повикаа функцијата да биде достапна и за другите земји.
Бразилскиот министер за финансии Гвидо Мантега изјави дека кандидатите треба да бидат бирани според способноста, а не националноста.
XS
SM
MD
LG