Достапни линкови

ММФ ја ограничува помошта, ЕИБ и нуди идеи на Грција


Протестите во Грција против мерките за штедење

Протестите во Грција против мерките за штедење

Меѓународниот монетарен фонд ќе го задржи учеството во новиот план за спас на Грција до нивото од 30 милијарди евра. Но во него ќе бидат вклучени и средствата, кои земјата се уште ги должи од претходната спасувачка програма. ММФ се уште не објавува колку ќе биде неговиот дел од вториот спасувачки план за Атина во износ од 130 милијарди евра.
Европската инвестициска банка пак соопшти дека е подготвена да и предложи идеи на Грција за поттикнување на вработеноста и економскиот раст на земјата. Шефот на банката Вернер Хојер по средбата во Атина со грчкиот претседател Каролос Папуљас изјави дека целта банката е да стане дел од решението на големите проблеми пред кои се наоѓа земјата.
XS
SM
MD
LG