Достапни линкови

logo-print

Координација на државниот врв во пресрет на посетата на Нимиц


Координација на државниот врв, јануари, 2012

Координација на државниот врв, јануари, 2012

Претседателот Ѓорге Иванов за денеска напладне во претседателкста вила „Водно“ закажа координација на државниот врв во пресрет на посетата на посредникот на Обединетите нации Метју Нимиц, кој во понеделник ќе дојде во Скопје.
Кабинетот на Претседателот соопшти дека координацијата е свикана во врска со текот на разговорите за надминување на спорот за името со Грција, што се водат под покровителство на ОН.
На состанокот ќе присуствуваат претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Муса Џафери, министерот за надворешни работи Никола Попоски и амбасадорот и специјален пратеник во разговорите за името Зоран Јолевски.
Посредникот Нимиц на 20-ти и 21 февруари ќе престојува во Македонија, а на 22-ри ќе ја посети Атина.
XS
SM
MD
LG