Достапни линкови

Бериша - Трансјадранскиот гасовод ќе минува и низ Албанија


Сали Бериша

Сали Бериша

Албанскиот премиер Сали Бериша, при посетата на Азербејџан добил ветување дека властите во оваа земја ќе и помогнат на Албанија Трансјадранскиот гасовод да минува и низ Албанија, пренесува МИА од Тирана.

„Приоритет за нашата земја во наредните четири години ќе биде нејзината газификацијата. Азербејџан ќе и помогне на Албанија во тој правец.Ние имаме нула гасификациски систем, но гасификацијата е услов за развиена Албанија“, изјави Бериша на средбата со парламентарната група на неговата Демократска партија, на која тој информирал за ефектите од неговата посета на Азербејџан.

Бериша додал дека помошта за гасификацијата на земјата ќе биде за Трансјадранскиот гасовод, што ќе минува низ Албанија.

Инвестицијата за гасоводот во Албанија ќе биде милијарда долари.
XS
SM
MD
LG