Достапни линкови

Мудис го намали кредитниот рејтинг на шест европски земји


Рејтинг агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на шест европски држава поради зголемениот ризик од европската должничка криза. Кредитниот рејтинг на Италија, Португалија, Словачка, Словенија и Малта е намален за еден степен, а тој на Шпанија за два степени.

Мудис предупреди дека може да го намали кредитниот рејтинг на Франција, Велика Британија и Австрија поради загриженост за способноста на Европа да ги спроведе реформите потребни за справување со кризата.

Намалувањата на кредитниот рејтинг доаѓаат еден ден откако грчкиот парламент ги одобри новите мерки за штедење, кои треба да и овозможат да ја добие новата рата од планот за спас и да избегне банкрот наредниот месец.
XS
SM
MD
LG