Достапни линкови

logo-print

Сиријските трупи и денеска го бомбардираат Хомс


Сиријските трупи денеска, со тешка артилерија, ги продолжиле бомбардирањата во провинцијата Хомс, а воени операции имало и во предградија на Дамаск. Инаку, министрите за надворешни работи на Арапската Лига вчера го повикаа Советот за безбедност на Обединетите Нации да испрати мировници во Сирија, кои би го надгледувале евентуалното примирје. Арапската Лига, исто така изрази готовност за политичка и финансиска подршка за сиријската опозиција.
XS
SM
MD
LG