Достапни линкови

logo-print

Протести против воената власт во Египет


Илјадници египќани синоќа протестирале кај министерството за одбрана во Каиро, барајќи воените лидери да ја предадат власта во земјата. До ова дојде пред најавените денешни демонстрации во знак на првата годишнина откако поранешниот претседател Хосни Мубарак беше соборен од власт. Воените власти се под постојана критика дека употребуваат сила за да ги задушат се позачестените демонстрации во земјата. Муслиманското братство кое однесе голема победа на парламентарните избори соопшти дека нема да учествува на демонстрациите.
XS
SM
MD
LG