Достапни линкови

logo-print

Медијаторот Нимиц на 20 и 21 февруари во Скопје, потоа во Атина


Метју Нимиц

Метју Нимиц

Македонското министерството за надворешни работи соопшти дека медијаторо во македонско грчките разговори за спорот со името Метју Нимиц на 20 и 21 февруари ќе престојува во Скопје. Тој ќе биде примен од претседателот на државата Ѓорге Иванов и од премиерот Никола Груевски, а најавена е средба и со министерот за надворешни работи, Никола Попоски. ,,Се очекува да се разговара за актуелните прашања во однос на надминувањето на разликите во спорот со Република Грција, како и за динамиката на разговорите во наредниот период,, се вели во соопштението од МНР. Медијаторот Нимиц по Скопје ќе оствари посета и на Атина.
XS
SM
MD
LG