Достапни линкови

Капетанот на Коста Конкордија ќе остане во домашен притвор


Капетанот на бродот Коста Конкордија, Франческо Четино

Италијанскиот суд донесе одлука капетанот на бродот Коста Конкордија, кој се насука во близина на Тоскана да остане во домашен притвор. Судот го одби барањето на обвинителството капетанот Франческо Четино да биде префрлен во затвор и барањето на одбраната тој да биде пуштен на слобода додека трае истрагата.
Четино беше уапсен на 13 јануари поради несреќата на бродот, при која загинаа 17 лица. Тој е обвинет за убиство и напуштање на бродот пред сите патници да бидат евакуирани.
XS
SM
MD
LG