Достапни линкови

Обама - Сакаме дипломатско решение со Иран, но сите опции се отворени


Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека не верува оти Израел донел одлука дали да го нападне Иран поради спорната нуклеарна програма. Зборувајќи на американската телевизија, Обама рече дека САД тесно соработуваат со сојузникот Израел за решавање на кризата.

Тој повтори дека сите опции се отворени, алудирајќи на воена интервенција, но нагласи дека Вашингтон бара дипломатско решение за проблемот.

Претходно, командантот на иранската Револуционерна гарда се закани дека Иран ќе се одмазди врз која било земја што ќе се користи за напади против исламската република.

Западот се плаши дека Иран се обидува да направи атомска бомба, но Техеран тврди дека има само цивилна нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG