Достапни линкови

logo-print

Четворица мажи планирале бомбашки напад на лондонската берза


Полиција пред лондонската берза

Полиција пред лондонската берза

Во Британија четири мажи признале пред судот дека планирале бомбашки напад на лондонската берза во 2010 година. Мохамед Шовдхури, Шах Рахман, Гурукант Десаи и Абдул Миах се изјаснија виновни за организација на терористички акт.
Пет други мажи се изјаснија виновни за други кривични дела поврзани со заговорот, при што сите обвинети ќе бидат осудени во наредната недела. Сите мажи се од британска националност, но според властите тие биле членови на неколку екстремистички исламистички групи.
XS
SM
MD
LG