Достапни линкови

Се шири насилството во Тибет


Крвавите судири меѓу кинеските безбедносни сили и етничките тибетанци во југозападниот дел на Кина се шират и во други делови на земјата. Според последните извештаи, најмалку двајца тибетанци биле убиени во префектурата Ганзи. Претходно беше јавено дека кинеските сили раниле триесетина тибетанци кои се криеле во еден манастир во Лухуо. Тибетанскиот премиер во егзил Лобсанг Сангај побара од меѓународната заедница да не останува пасивна и да интервенира за да спречи натамошни насилства.
XS
SM
MD
LG